Здравје
10. Јануари 2017 - 14:55

Производи кои треба да ги избегнувате доколку сакате рамен стомак

Еден од најголемите проблеми кај луѓето е подуениот стомак. Дури и со голем број диети и вежбања, стомакот е најголема болка кај повеќето луѓе.

Но, има начини како да стигнете до посакуваниот рамен стомак, само треба да ги избегнувате овие производи:

Алкохол

Одредени алкохолни пијалоци имаат многу калории, но калориите не се најголем проблем. Конзумирањето на алкохол го зголемува вашиот апетит и го збунува делот од вашиот мозок кој е одговорен за ситоста. Признајте, колку и да сте сити, секогаш кога пиете пиво, грицкате нешто попатно?

Газирани пијалоци

Постојано слушаме за ова, но никако да се откажеме. Но, ако навистина сакате рамен стомак, морате да престанете да пиете газирани пијалаи. Дури и оние со помалку калории, бидејќи дури и тие го забавуваат вашиот метаболизам и го стимулираат телото да таложи масти.

Гуми за џвакање

Кога џвакате мастика, вашиот мозок и стомак добиваат сигнали кои ги подготвуваат за јадење. Дополнително, мастиката поттикнува создавање на дополнителна желудочна киселина и прави да се чувствувате гладни.

Сол

Запомнете дека солта треба да биде што е можно поограничена, особено ако патите од висок крвен притисок. Не само што пресолената храна е лоша за вашето здравје, туку тие ги задржуваат течностите кои спречуваат губење на масти.

Брза храна

Не е тајна дека брзата храна содржи премногу калории кои можат да предизвикаат здравствени проблеми, но и ако тоа не е доволно за да ве убеди, запомнете дека таа е најодговорна за мастите коишто ви се таложат во стомакот.

Мајонез

Ако сте обожавател на мајонез и салати со мајонез, треба да знаете дека мајонезот содржи 80% масти. Заменете со го поздрави додатоци.

Пржени компири

Колку и да сакате пржени компирчиња, треба да ги откажете што е можно побрзо. Пржените компири, како и секоја друга пржена храна, функционира како сунѓер кој ги задржува мастите. Верувале или не, овие масти можат да му влијаат на мозокот на начин на кој тој нема да размислува јасно за тоа колку тежина добивате во моментот.

Сладолед

Ова најверојатно е исто преочигледно ама мора да се каже. Храна која е богата со шеќери секогаш, ама секогаш се претвора во стомачни масти, а тие се најштетни за телото.