4 извонредни трикови за рамен стомак без вежбање

Сакате да имате рамен стомак, а не можете да се присилите на вежбање? Нема проблем, имаме решение!

Постојат неколку домашни трикови со чија помош ќе добиете рамен стомак без напорни физички вежби.

1. Пијте кефир

Додадете го кефирот во своето секојдневно мени. Можете да го пиете и наутро и навечер. Главно правило е да го пиете помеѓу оброците. Тоа ќе ја подобри работата на цревата.

2. Подолго џвакајте

Колку потемелно ја џвакате храната, тоа на вашиот организам ќе му биде полесно да ја свари. А тоа значи дека желудникот нема да се растегнува и рамниот стомак ќе остане рамен. Освен тоа, така побрзо ќе сфатите дека сте сити.

3. Пијте вода

За рамен стомак е многу важно да се пие доволна количина на вода. Ако организмот чувствува недостиг на вода, почнува да ја задржува течноста во организмот, а тогаш стомакот се зголемува. Секојдневно пијте 1,5-2 литри чиста вода.

4. Вовлекувајте го стомакот

Можеби изгледа како смешен совет, но така можете да ги зајакнете стомачните мускули. Правете го тоа во сетови: две минути вовлекување, па две минути одмор.