Милка или млечна диета е добра за оние кои сакаат брзо да загубат килограми, но мора да издржат најмалку 10 дена. Во просек, со оваа диета се губат до 2 килограми за три до четири дена.

Млечната диета го намалува нивото на холестерол во крвта, ги зајакнува коските, нервниот систем, ослободува од акни и ја унапредува микрофлората. Затоа и млечната диета е популарна. Со примената на млечната диета не само што ќе ослабите, туку и ќе си го подобрите здравјето.
Пред секој оброк, неопходно е да се испие чаша негазирана минерална вода.

4 предлози за целодневно мени:

Оброк број 1.
1 јогурт, 1 банана, чај со мед или кафе со млеко без шеќер .

Оброк број 2.
1 варено јајце, салата од краставица со прелив од јогурт, 1 филџан кисело млеко

Оброк број 3.
100 грама овесна каша во вода или во млеко, 200 грама кашкавал или сирење, 1 филџан млеко и 1 ред млечно Милка чоколадо.

Оброк број 4.
1 крушка, 2 децилитри јогурт и 1 ред Милка млечно чоколадо

Оброците може да се комбинираат во текот на денот, по избор, но никако и да се земат сите 4 предложени варијанти на оброци во еден ден.

Изборот направете го две со две комбинации од предложените. Пример: првиот ден оброк 1 и оброк број 2, потоа вториот ден од диетата оброк број 3 и оброк број 4 итн.

 Најдобро е вечерата да ја одбегнете.