Полициските екипи преземаат мерки за пронаоѓање на три лица кои во текот на вчерашниот ден биле пријавени за исчезнати.

Б.П. (73) од с.Црешево, скопско, пријавил дека на 4 месецов во 12 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син С.П. (35).

Вчера утрината С.Р. (74) од Тетово пријавил дека на 3-ти месецов околу 10 часот од дома излегла неговата сопруга М.Р. (50) и се упатила на пазарот во Тетово и не се вратила дома. Таа не била достапна и на мобилниот телефон.

Третиот случај е пријавен вчера вечерта од страна на З.Р. (54) од Скопје. Тој пријавил дека претходниот ден околу 11 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Р.А. (28).