Прегазен пешак во Скопје се здобил со тешки повреди откако вчера во 10,00 часот на улица “Козле“ товарно моторно возило “Пежо Ван“ со скопски регистерски таблици управувано од 58- годишниот И.И од Скопје удрило во 77- годишната Ј.Н од Скопје.
Од МВР велат дека од незгодата со повреди се здобила жената- пешак, која со возило била пренесена во Ургентниот центар во Скопје, каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди.
Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје било излезено на местото на настанот и бил извршен увид и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.