Познати составите за дуелот ЦСМ Букурешт – ЖРК Вардар

Македонскиот шампион Вардар вечерва го игра четвртиот натпревар од главната фаза во Лигата на шампионите за ракометарки, на гости кај ЦСМ Букурешт. Тренерите на двата тима веќе ги дефинираа составите со кои ќе истрчаат на средбата која почнува во 18 часот.

Индира Кастратовиќ за овој дуел не може да смета на Татјана Хмирова, Итана Грбиќ и Драгана Петковска.

За ЖРК Вардар ќе настапат: Лејно, Суслина, Алтхаус, Черноиваненко, Човиќ, Дамњановиќ, Дембеле, Ихнева, Кликовац, Лазовиќ, Лекиќ, Пенезиќ, Радичевиќ, Ристовска, Сокач.

Стручниот штаб на домашната екипа ги пријави следниве ракометарки: Грубишиќ, Јордаче, Песоа де Оливеира, Базалиу, Брадеану, Куреа, Фискер, Франка да Силва, Гулден, Манеа, Марта Беренгер, Нан, Родригес Бело, Торстенсон, Барзару, Веткова.

Евентуална победа за вардарки на овој натпревар може многу да им ја олесни работата во завршницата од главната фаза. Вардар влегува во мечот со осум бода, ЦСМ Букурешт има седум, така што два нови бода ќе бидат, речиси, гаранција за третото место, со оглед дека преостануваат уште два меча до крајот.