Пожар во Идризово

Во 10 часот и 55 минути телефонски во полциија од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, било пријавено дека во затворот "Идризово“, во бараката на столарска работилница била опожарена кровната конструкција со површина од околу 20 метри квадратни.

Пожарот бил изгаснат, а причина за настанување на истиот е неисправна електрична инсталација.