Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 10.00 часот, Љ.К. од Скопје пријавила дека на 25.06.2017 година во вечерните часови врз нејзиниот 16-годишен син бил извршен полов напад од непознато машко лице.
Според информациите полицијата, непознатото лице го фатило детето и го однело позади основното училиште „Круме Кепески“, каде го извршил делото.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.