По екстремно високите температури во јули, светските метеролошки сервиси прогнозираат дека во август нé очекува сончево време, но со пониски температури.
Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер кој во западните делови ќе е западен, а вдолж Повардарието северозападен.
До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури и со висок УВ индекс. Особено топло ќе биде денес и во вторник и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. До крајот на овој месец ќе се задржи сончево и топло време со благ пад на температурите.
Август се очекува да донесе сончево, но посвежо време. Според прогнозите на светските метролошки сервиси, максималната утринска температура ќе биде околу 20-тиот степен, а дневната нема да надмине 35 степени.
Крајот на месецот и почетокот на септември ќе донесат заладување и дожд, а дневните температури ќе се симнат под 30-тиот степен.