Сончево, стабилно и релативно топло време прогнозираат светските метеролошки сервиси за главниот град во месецот кој следи. Подгответе ги очилата за сонце, доаѓа период за кафе и уживање.
Следната седмица ќе донесе врнежливо време што ќе биде преодна фаза во стабилизација која ќе се задржи во текот на целиот месец. Утринските температури ќе се движат од 0 до 8 степени, а дневните ќе се искачат до 15 степени.
Втората седмица од март ќе донесе сончево време и вистинска пролет. Дневните температури ќе се искачат до 20 степени.
Третата седмица од март ќе донесе облачно, но стабилно време и високо пролетни температури. Месецот ќе го завршиме со сонце и дневни температури до 14 степени.