По екстремно топлиот јули, какво време нé очекува во август?

По екстремно високите температури во јули, светските метеролошки сервиси прогнозираат дека во август нé очекува сончево време, но со пониски температури. 

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер кој во западните делови ќе е западен, а вдолж Повардарието северозападен. 

До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури и со висок УВ индекс. Особено топло ќе биде денес и во вторник и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. До крајот на овој месец ќе се задржи сончево и топло време со благ пад на температурите.

Август се очекува да донесе сончево, но посвежо време. Според прогнозите на светските метролошки сервиси, максималната утринска температура ќе биде околу 20-тиот степен, а дневната нема да надмине 35 степени.

Крајот на месецот и почетокот на септември ќе донесат заладување и дожд, а дневните температури ќе се симнат под 30-тиот степен.