Да, ние не си го бираме семејството, но можеме да избереме колку ќе ги сакаме. После се низ коешто поминавме, јас не можам ни да објаснам колку многу ве сакам. Ние сме тим, ние сме силни, малку дисфункционални, но јас не би сакала да биде поинаку.

Вие ме имате видено и во најдобро и во најлошо светло; и во најдобрите и во најдобрите години, но вие ме сакате безусловно и сте моите најголеми поддржувачи. Јас најдов сила да бидам подобра само затоа што знаев дека вие стоите позади мене.

Вие ги бришевте моите солзи, ние се каравме за глупави работи за кои денес се смееме, растевте со мене и на крај ми покажавте што значи безусловна љубов. Вие сте најдобриот тим кој можев да го посакам.

Сега кога сум постара, многу поубаво гледам колку сме силни. Не само што заедно сме посилни, но и поединечно сме силни. Тоа е затоа што си помогнавме едни на други да станеме она што сме сега.

Затоа, најсакани мои, сакам да ви се заблагодарам. Без вас, не би била она што сум денес. Ако не бевте во мојот живот, јас немаше да стигнам толку далеку, ниту пак ќе бев доволно силна за да носам важни одлуки во мојот живот. Ме научивте дека љубовта е насекаде и во секое време и дека таа никогаш не исчезнува. Оваа љубов е како масло на огнот и таа е силата во моите најтешки денови.

Животот без вас би бил страшен и досаден, затоа сум многу благодарна. Не морам да го живеам животов сама. Ве сакам со секоја клетка од моето битие.

Фала што и вие ме сакате мене.