Прочитајте го трогателното писмо на Абрахам Линколн до учителот на својот првороден син

Големиот државник и лидер Абрахам Линколн бил човек врзан за семејството, а тој помалку познат дел од неговиот карактер најдобро се гледа преку писмото кое Линколн му го пратил на учителот на својот првороден син, токму во годината кога неговиот син бил прваче. Прочитајте го ова прекрасно писмо:

„Денес мојот мал син тргнува во училиште и некое време сѐ ќе му биде чудно и туѓо и затоа би Ве замолил да бидете нежни кон него. Тој тргнува на патување кое може да го одведе преку  континенти во авантура која најверојатно ќе биде проследена со војни, трагедии, страдања. Таквиот живот ќе направи да мора да има вера, љубов и храброст.

Затоа, драг учителу, Ве молам, земете го за рака и научете го на она што тој мора да го знае. Научете го дека на секој еден непријател доаѓа по еден пријател. Тој мора да научи дека сите луѓе не се праведни и искрени. Но, исто така, научете го дека на секој еден лош човек доаѓа по еден херој и за секој расипан политичар, има по еден посветен лидер.

Научете го дека десет заработени центи вредат многу повеќе од еден најден долар, дека во училиште е почесно да згреши отколку да измами. Научете го да губи достоинствено и да ужива во своите победи. Научете го да биде добар со добрите и непопустлив со грубите. Најбргу научете го дека е најлесно да ги надвладее насилниците.

Одвратете го од зависта и откријте му ја тајната на спокојната насмевка. Ако можете, научете го како да се смее кога е тажен, научете го дека солзите не се срамни и дека има слава и во поразот; и очај во успехот.

Научете го да не им обрнува внимание на циниците. Научете го, ако можете, на волшепствата кои ги нудат книгите, но давајте му време за длабоко размислување за вечната загонетка за птиците на небото, пчелите на сонцето и цвеќињата на зелениот рид. Научете го да верува во сопствените идеи, дури и ако сите кажуваат дека не се во право.

Обидете се да му дадете сила на мојот син да не ja следи толпата кога сите го прават тоа. Научете го да ги слуша сите, но научете го и да ги прибира сите информации, но да го задржува само доброто што минува низ ситото на вистината.

Научете го да ги продаде своите таленти и мозок на најдобрите понудувачи, но дека неговото срце и душа немаат цена. Нека има храброст да биде нетрпелив, нека има трпение да биде храбар.

Научете го секогаш да има возвишена верба во себе, бидејќи така секогаш ќе има возвишена верба во човештвото и во Бог. Ова е големо барање, но видете што можете да направите. Тој е толку драго мало момче, и тој е мојот син. "