Писмо до личноста која бев на 18 години

Знам дека во себе имаш огромна возбуда и надеж за иднината која те чека. Животот можеби не беше најлесен за тебе како дете. Сакаш да се чувствуваш како да припаѓаш некому, сакаш да имаш личност која ќе ти даде љубов, која ќе биде дом за твоето срце.

Ќе ти кажам дека не е лесно да се најде љубовта. Не е толку лесно да се биде среќен.

Не се разочарувај.

Мораш да знаеш дека секоја врска има подеми и падови. Но, љубовта пред сѐ е почит, таа е и разбирање. Ако сакаш некого и тие те сакаат тебе, без оглед на сите несигурности, не дозволувај таквата љубов да биде уништена. Не ги чувај во себе зборовите кои сакаш да ги кажеш, немој да мислиш дека компромисите значат целосно предавање, но и не дозволувај да заборавиш колку вредиш.

Немој да мислиш дека ќе биде лесно.

Љубовта не значи целосно да се смениш за другата личност. Таа не постојано расправање, плачење пред спиење и нервоза. Таа треба да е како река, да тече по својот тек, со мали проблеми, но не со постојана бура. Љубовта не е постојано чувство на вина, таа не е обид за контролирање на другата личност. Таа не е страв од тоа што ќе споделиш на социјалните мрежи. Таа не е обид да ја омаловажиш другата личност.

Сакај, но не дозволувај себичност и злоба. Не дозволувај да се чувствуваш невредно и несакано. Највеќе од се, не дозволувај суровост во име на љубовта.