Пензионери од Скопје продавале лажно злато на старци во Охрид

Двајца скопјани на возраст од 72 и 63 години им продавале лажни златни предмети на луѓе во Охрид. На тој начин заработиле 220.000 денари, а нивни жртви биле, исто така, пензионери.

Полицијата поднесе кривична пријава за измама против Т.С.(72) и З.Г.(63), двајцата од Скопје.

Според информациите на полицијата, на 27 октомври оваа година, околу 15 часот, на улицата Марко Цепенков во Охрид пријавените го пресретнале Б.Ј. (81) од Охрид и лажно му прикажале дека направиле сообраќајна незгода. Потоа му покажале часовник кажувајќи му дека е златен и му побарале 2.000 евра при што оштениот прифатил замена.

На 30 октомври, во 15:15 часот. на улицата Питу Гули пријавените му пристапиле на К.Г.(77) од Охрид и на истиот начин за случена сообраќајна незгода, го довеле во заблуда и му зеле 2.000 долари во замена за наводни златни предмети.