Овие знаци покажуваат дека сте под неподнослив стрес

Ако сте под стрес, треба да знаете дека сите тие работи не се дел само од вашиот ум, туку се преживуваат дури и од страна на вашето тело. Телото многу добро памети, па затоа треба да му дадете мир и спокој.

Ова се неколку знаци кои покажуваат дека сте под огромен стрес:

Уморни сте без оглед на количеството сон

Спиете редовно и доволно, но дури и по добриот сон се чувствувате уморно и би сакале да останете во кревет.

Тешко се будите наутро

Поради изложеноста на стрес, надбубрежната жлезда не лачи доволно хормон кој наутро го стимулира создавањето енергија во нашето тело и ни помага да се разбудиме.

Немирни соништа и кошмари

Со должината на сонот, шрогресивно се зголемува и бројот на позитивни и убави соништа. Меѓутоа, кога сме нервозни и напнати, често се будиме со што се јавува поголема можност за негативни слики во текот на сонот.

Голема желба за солена храна

Хроничниот стрес доведува до дизбаланс во количина на електролитите во телото па пороа тоа имаме поголема потреба за нешто солено.

Вртоглавици кога станувате од седечка или лежечка положба

И ова е директна последица на недостатокот на електролити.