Експеритите од ЦИА препорачуваат: Ова се знаците дека некој лаже

Кога бевме деца ни велеа дека кога ќе лажеме, ќе ни порасне носот. Но, со текот на годините сфативме дека потребни се многу техники за да утврдиме со сигурност дека некоја личност нѐ лаже.

Поранешните агенти на ЦИА Филип Хјустон, Мајкл Флојд и Сузан Карницеро во својата книга „Шпиунирајте го лажгото“ на своите читатели им откриваат различни техники по кои може да се утврди дека некоја личност не ја зборува вистината.

Доцнење на одговорот

И поставувате прашање на личноста и не добивате одговор. Следи пауза, а потоа одговорот. Колкава треба да е паузата за да сфатиме дека личноста лаже. Експертите истакнуваат дека тоа зависи од многу фактори. На пример, ако прашате некого што правел на денешен датум пред 5 години, нормално е дека ќе го почекате одговорот.  Но, ако го прашате што правел пред неколку дена, а следи долга пауза, тогаш доколку се сомневате дека личноста лаже, тогаш таа најверојатно лаже. Паузите значат дека личноста го смислува и во својата глава го подготвува одговорот.

Вербална/невербална исклученост

Нашиот мозок е поврзан така што вербалното и невербалното однесување се преклопуваат. Тогаш кога не се преклопуваат, можеме да сметаме дека личноста лаже. Пример за тоа е дека личноста вели „не“ а клима со главата во знак на потврда. Потенцијалниот лажго го прави тоа без да биде свесен за тоа.

Криење на погледот и устата

Личноста која лаже често ќе го тргне погледот или ќе ја прекрие устата кога не ја зборува вистината. Природниот инстинкт значи дека личноста се обидува да ја скрие лагата, па ако направи некоја од овие работи додека зборува со вас, веројатно ве лаже.

Тешко голтање или закашлување

Ако личноста се закашлува или почнува тешко да голта, пред да ви одговори на прашањето, тоа потенцијално значи дека личноста ве лаже. Ако тоа го направи по одговорот, немојте да се плашите. Тоа можеби значи дека само личноста се соочува со стрес, што предизвикува непријатно чувство на сувост во грлото.