Основците на мисла- се ближат термините за упис во средно

Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 28 и 29 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни. 

Според конкурсот за упис, објавен на веб-страницата на Министерството за образование и наука, квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули, а резултатите ќе се објават на 4 јули. Проверката на знаењата на учениците од заедниците ќе се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште. 

Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 5 јули, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 6 јули.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 24 август, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 25 август.