Општина Гази Баба додели девет милиони денари финансиска помош за спортот

Вчера на официјален настан под мотото „Гази Баба за спортот“ ги доделивме ваучерите на спортските клубови, спортските здруженија и индивидуалните спортисти од општина Гази Баба.

На настанот наш гостин беше Борко Ристовски, истакнат спортист во нашата Македонија кој даде поддршка за спортот во општина Гази Баба.

-Општина Гази Баба е спортски силна општина. А јас сум многу среќен што тоа е така, бидејќи ништо не може повеќе да не зближи, да не израдува и да не направи единствени како што тоа го прави спортот. Едноставно спортот е единственото нешто кое ја сплотува целата нација. Денес спортисти од Гази Баба бележат високи успеси во скоро сите спортски области. Но спортските успеси не се само гордост на спортистите, тие се гордост и на верната публика, кажа градоначалникот Бобан Стефковски.