Ѓорче добива ново фудбалско игралиште во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“

Денеска градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски заедно со носителот на листата на ИЕ2 Владо Мисајлоски и кандидатите за пратеници Бојан Стојаноски и Габриела Калкова, извршија увид на веќе отпочнатиот проект за изградба на фудбалско игралиште во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“. 

- Започнавме со изградбата на ново фудбалско игралиште во дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев - Беровски", коешто ќе биде со нова подлога од вештачка трева и со димензии 20х30м и ќе ги исполнува сите услови за рекреација и одржување на школската настава по физичко образование. Теренот е веќе расчистен и подготвен за следните чекори, односно за поставување вештачка трева и ново лед осветлување, порача Стојкоски. 

Жителите од овој дел на Ѓорче Петров имаа навистина голема потреба од вакво игралиште, бидејќи населбата изобилува со дечиња и едно вакво игралиште ќе биде од огромна помош во однос на здравиот развој на најмладите, констатира тој. 

Порача дека во текот на наредниот период ќе продолжат со реализација со низа проекти поврзани со спортот и младите, односно ќе работат на градење нови детски игралишта и изградба на нови спортски терени.

- Младите и спортот се наш голем приоритет и ќе работиме посветено во насока на подобрување на спортската инфраструктура во Ѓорче Петров. Младите се нашата иднина и наша обврска е да им ги овозможиме сите потребни услови, проача од терен првиот човек на општината.