Анима мунди со пофалба до Гази Баба: Единствена општина во Скопје која го препознава проблемот со бездомните животни

Анима мунди со јавна пофалба до општина Гази Баба која е единствена општина според нив која го препознава проблемот со бездомните животни и која уредно ги подмирува трошоците согласно договорот со ЈП Лајка се вели во нивната објава.

“За што и колку некоја општина се грижи е проверлив податок кој секогаш се рефлектира во општинскиот буџет. Затоа ова е наша јавна пофалба на Општина Гази Баба и градоначалникот Бобан Стефковски, кои во рамки на своите овластувања покажуваат хуманост, одговорност, грижа за граѓаните и животните.

За да нема бездомни кучиња на улиците, потребни се добри и прецизно регулирани закони, кои ги немаме зошто АХВ, Влада се во зимски сон –сме им доставиле готови измени на закон кои заглавиле веројатно во нечија фиока; општини на кои благосостојбата на граѓаните и животните, здравствената заштита и безбедноста им се побитни од коекакви споредни луксузи и каприци, кои сериозно и посветено ќе работат на локализирање на проблемот и спречување на нови и нови единки на улица“ напишаа од Анима Мунди.

Од таму додаваат дека бездомни животни ќе нема, тогаш кога ќе се воспостави строга контрола на приливот нови единки на улица, забрани слободното размножување на животни, продажбата на црно; кога напуштањето животни и суровоста ќе бидат најстрого казнети, кога секоја институција ќе го превземе својот дел, и спроведува својата одговорност за која е надлежна. Кога на раководни позиции ќе стојат поединци кои се вложуваат и грижат.