Општина Аеродром ги поканува граѓаните на јавна консултација за патот Јурумлери – Драчево

„Почитувани граѓани, ве покануваме на јавна консултација во врска со рехабилитацијата на регионалниот пат на делницата Јурумлери – Драчево“, пишува во соопштението на Општина Аеродром.

Јавната презентација на Извештајот ќе ја извршат претставници на Јавното претпријатие за државни патишта во Месната заедница „Долно Лисиче“ на 29.05.2019 година (среда) со почеток во 11:00 часот.