Рокот за доделување паричен надоместок за новороденчиња истекува во март

Општина Аеродром ги потесетува семејствата кои добиле принова во текот на изминатата година, до 31-ви март да ги достават потребните документи за да остварат право на еднократен паричен надоместок. 

Паричната помош се доделува врз основа на доставено барање од страна на семејствата кои имаат живелиште на територијата на Општина Аеродром и дополнителна документација која го потврдува родителството и раѓањето на новиот член на семејството. Право на остварување на еднократната помош имаат родителите со живеалиште во Аеродром, а останата документација потребна за пријавување е следната:

Извод од матична книга на венлани (за родителите)

Извод од матична книга на родените (за новороденчето)

Важечки лични карти или други исправи на родителите за потреби на идентификација и податоци за живеалиштето. 

Копија од трансакциска сметка. 

Барање за остварување на еднократна парична помош кое може да се добие во просториите на Општината Аеродром (соба 19) или преку веб-страната на општината(www.aerodrom.gov.mk)

Документите може да се достават секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот најдоцна до 31.3.2017 година за деца родени минатата, 2016, година. Висината на еднократната помош изнесува 5 000 денари, со што ќе се намалат финансиските издатоци поврзани со раѓањето на новиот член на семејството и новиот жител на Општина Аеродром.