Зоолошката градина во Скопје бележе рекордна, историска посетеност.
Новите животни, новата урбана опрема и постојаните забави за најмалите допринесуваат за тоа.
Секој викенд, зоолошката е се повеќе полна со посетители. Од најмали до најстари. Најголема атракција сега се двете слоници, Дуња у Даела, кои од неодамна станаа жители на оваа зоолошка градина.
Од таму, и за наредниот викенд најавуваат многу забава и дружење.
Сабота и недела- Дизни и Марвел забава во Скопје Зоо
Во сабота 12:00-15:00 Игри, забава и фотографирање со омилените Мини и Мики.
Во недела 12:00-15:00 Дружба и интерактивни содржини со Captain America, Iron Man и Spiderman.