Секој ден нова приказна, нова авантура. Се будиш наутро и знаеш дека денеска е време за твојата омилена детска емисија, филм, цртан...

Оние кои се родени во 80 тите и 90 тите години, се секогаш со насмевка на лицето и со едни убави спомени кога ќе се потсетат на тоа време.

Кога мислиме на нашето детство, барем половина од нас се сеќаваат со насмевка на тие убави безгрижни денови.

Кога бевме без интернет и мобилни телефони. Нашето време најчесто го поминувавме во природа со пријателите. Освен забавата која ја баравме надвор од дома, се забавувавме и со некои, денес култни детски емисии и серии.

Ние се потсетивме на некои од нив, а и вие дозволете си да се вратите во вашето детство, барем за само еден миг...

Во светот на бајките

Принц, принцези, магионичари, мудрости, приказни за се и сешто. Песната која и ден денеска ја знаат и младите и старите.

Млади бунтовници (2002-2003)

Знам дека вака звучи смешно од оваа перспектива, ама кога излезе серијава беше тотален хит меѓу тинејџерите. Жените го сакаа Мануел и Пабло , мажите ги сакаа Миа, Вико и Пилар. Сите ги знаеа песните како Bonita и другите, зарем некој ја заборавил легендарната реклама после наградната игра, легендарната реплика: Ај не си дете?

Дајте Музика

Оние малку повозрасните што растеа со култната детска серија „Дајте музика“ велат дека улиците се празнеле кога таа се емитувала на малите екрани. Оваа серија, која се прикажуваше на Македонската телевизија, беше во режија на Лазар Паковски и нема дете од земјава што не се сеќава на овој проект.Дајте музика“ беше, остана, а верувам и во иднина ќе биде култна детска забавна серија, која, за жал, сите овие дваесетина години не доби свој наследник и не е надмината. Освен интересната содржина, таму се слушаа и песнички за деца што сѐ уште се паметат. Најавната песна „Дајте музика“, која се емитуваше во шпица, сите ја потпевнуваат и ден денес.

Бушава Азбука

Македонска детска програма продуцирана со помош на МРТВ во 1985 со авторите Горан Стефановски и Слободан Унковски, со музика од Леб и сол и Ана Костовска. Програмата е насочена кон детското образование и запознавање со македонската книжевност, култура и традиција преку медиумите на музика, цртан филм, итн. Вкупно има 31 епизода со просечно траење од 29 минути, посебно посветени на буквите од македонската азбука.

Чук Чук Стојанче

Серијата со која голем дел од децата заспиваа односно ја чекаа, а потоа на спиење. Ванчо Петрушевкси, Благоја Чоревски, Ѓорѓи Колзов и многу други актери во улога на деца кои го пренесуваа знаењето на малечките и гладни за информации дечиња.