Неделна временска прогноза

Во Македонија денеска времето ќе биде облачно со локални врнежи претежно од снег, главно со слаб интензитет.

Повеќе врнежи ќе има во планинските региони на северозападот и истокот на земјата, каде што се очекува и зголемена снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневните температури ќе се движат од -1 до 5 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со температури околу 3 степени.

И во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, на крајниот запад со врнежи од дожд, на планините снег. Дневните температури ќе се движат од 3 до 11 степени.

Во четврток ќе имаме сончево време со умерена облачност со засилен северозападен ветер особено претпладне. Дневните температури ќе се движат од -1 до 8 степени.

Најстудено ќе биде в петок, кога утринската температура ќе се движи од минус осум до минус два степена, а дневната од два до десет степени.