Временска прогноза за наредните денови

Во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со температури до 25 степени.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 22 Целзиусови степени, Маврово 15, Охрид 17, Битола 22, Кавадарци 23, Крива Паланка и Берово 19, Дојран 25 степени.

Утре времето претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне ќе има услови за локален дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. Дневните температури ќе се движат од 21 во Скопје, 12 во Маврово, 16 во Охрид до 22 во Кавадарци и 23 во Дојран.

Од среда нов влажен и студен бран.