„Натали дај му на човекот“ рипна во тавче!

Познатата бинго-девојка и водителка Натали Грубовиќ се омажи изминатиот викенд во Србија.

Гламурозна свадба во белградскиот хотел „Хајат“ подготвија двајцата младенци. Избраникот на Натали е српскиот бизнисмен од Нови Сад, Дрен Глушац. Иако веселбата се случи во Белград, заедничкиот живот ќе го продолжат во Нови Сад. Во Македонија, Натали стана позната како соработничка на извонредниот Игор Џамбазов, но и покрај тоа имаше солидна кариера во манекенството и како фото-модел.

cheap nike air max 90