„Народе наш, благодарение на сите вас Срна денес си ја носиме дома“- напиша мајката на девојчето за кое се собираа пари

Уште една победа за македонскиот народ кој повторно се сплоти и собра пари да се лекува малата Срна. Откако беше објавен апелот на 06.03.2024 година дека е потреба помош за ова мало ангелче да се лекува потребните пари беа собрани за неполни 24 часа.

„Срна има 3 години. Во октомври разви сепса поради уринарна инфекција што прејде во тешка форма пиелонефрит и остави трајни оштетувања на левиот бубрег. Откриена е хидронефроза и камен во левото бубреже, а доби и нова сепса. Моментално е хоспитализирана. Потребни се нови испитувања, оперативно лекување и целосно опоравување“ пишуваше тогаш во објавата.

Затоа денес се соопшти убавата вест. Малата Срна си заминува дома. Убавата вест ја објави нејзината мајка но и докторот Ристо Симеонов на социјалните мрежи.

„Др. Ристо Симеонов немам зборови да опишам колку сме ви благодарни! Затворивте едно поглавје од приказната на нашата Срна, и тоа успешно! Како родители решивме да не чекаме повеќе и да го олесниме нејзиното лекување. Целосно ви ја доверивме а вие целосно и се посветивте. Срна имаше класична отворена операција за отстранување на каменот, кој веќе беше тргнал надолу. Каменот голем, но мал за вашата стручност, грижа и топлина. Кога ме свикаа сестрите да одам во соба за будење, вие бевте до неа и ме пречекавте со насмевка

Народе наш, благодарение на сите вас денес си ја носиме дома. Но повторно ќе се вратиме тука, следат контроли и нови испитувања. Среќна сум што имаме каде и има кој“ напиша нејзината мајка.