Момчето со марамчињата од Драчево

Една од најубавите приказни на Ханс Кристијан Андерсен е „Девојчето со кибритчињата“ која секогаш успева да ни ги насолзи очите, но оваа денешна приказна е за седум годишното момче кое го видов пред еден скопски маркет во населбата Капиштец.

На студот без шапка, со скинати патики кои не беа негови, едноставно преголеми за неговите мали нозе, во рацете носеше кутија со влажни марамчиња, кои ги продаваше.Сиротото момче се тресеше од студот, гладно и премрзнато.

Стоеше така жално пред вратата на маркетот и ги следеше купувачите кои со полни ќеси излагаа од него.Застанав и го прашав.

Момченце како си?

Ја спушти главата.Повторно го прашав.Ја крена главата ме погледна со неговите сини очи и ми рече, добро сум сакаш да купиш марамчиња, му реков НЕ и му подадов 50 денари.

Се насмевна  и рече супер ќе можам да си купам крем банана знаеш многу ми се вкусни.Се растажив..го прашав од каде си?Од Драчево.Имаш ли родители.Да. Сам си дојден овде ДА, кога ќе си одиш дома веќе се стемнува. Нема да си одам. И дома е исто така студено и темно. Татко ми сигурно повторно ќе ме тепа бидејќи денес, не продадов ни една кутија  влажни марамчиња.

Ме обзема тага, го прашав колку години имаш.Седум.Одиш ли на училиште, НЕ од пет години работам.

Подголтнав ја наведнав главата и влегов во маркетот. Се фатив за џебот и проверив уште колку пари имам. Му купив неколку работи земав од полицата десетина крем банани и набрзина платив .Излегов од маркетот со радост, со поглед го барав момчето со сините очи и големите патики, НО, детето го снема...Разочаран застанав со кесата и помислив.. нема правда во животот, додека некои деца се трескаат по скапи играчки или негодуваат за глупости некои се мачат да заработат за парче леб.