Молитвата на Иво Андриќ: Боже, не дозволувај нашите срца да останат празни!

 

Нобеловецот и писател Иво Андриќ во својата книга „Знаци покрај патот“ запишал една убава и искрена молитва која секој треба да ја прочита. Ако можете, читајте ја секој ден!

„Боже, не дозволувај нашите срца да останат празни, туку дај - бидејќи сè зависи од твојата волја – секогаш да сакаме и да се надеваме, и тоа што го сакаме да биде добро и реално и нашата надеж нека не биде залудна.

Предметот на нашите желби нека биде повисок и поубав од нашите животи и никогаш да не ја изневериме добрата надеж поради кратки и измамнички достигнувања кои го заматуваат погледот и лажно ветуваат одмор.

Дај ни го правиот пат, со минливи сопнувања и со мир и слава на крајот. И кога ни даваш искушенија, дај ни и мудрост и храброст.

И каде и да одиме и да талкаме, не дозволувај на крајот да останеме надвор од твојата сеопфатна хармонија, бидејќи тоа го сакаме во секоја секунда, на секое место, со секој дел од нашето битие“.