Иво Андриќ: Работете си ја својата работа, без да гледате лево или десно

Работете си ја својата работа, не гледајќи ни лево, ни десно, ни позади себе, ни пред себе, но секогаш високо поставувајте ја својата цел и барајте малку од светот околу себе (што помалку, тоа подобро), но многу од себеси и своите дела.

Уверен сум дека повеќето од нас уште од почеток си поставиле себеси премали и блиски цели и дека повеќето можеле и повеќе и подобро она што го направиле.

Посакувајте многу, работете смело и тежнејте кон далечното и високото, затоа што високите цели откриваат и повеќекратна сила во нас.

Храбро тежнејте кон совршенство на големите дела, а работете предано и трпеливо на ограничените и мачни детали без сјаен видик, евтино самозадоволство и голема суета.

Живејте со своите цели, а безпоштедно трошете се на сите невидливи работи кои се појавуваат секој ден и секој час.

Често помислувајте дека животот е посилен и светот е побогат отколку што ние можеме да видиме во тој даден момент и не заборавајте дека во секој од нас има непознати можности за да стекнеме сила додека се движиме. Да сакаш да одиш далеку и да посакуваш многу, особено кога станува збор за несебични цели, не е ниту грев, ниту е опасно.

Погрешно и опасно е човек да постави цел која премногу блиску, затоа што тоа значи да се изневери и себеси и другите, да му остане должен на животот.

Бидете неповерливи и реални, строги кон себе додека правите одредени работи, скромни при нивното оценување, но бидете храбри и великодушни кога поставувате цели – смело размислувајте и гледајте далеку!

  • Иво Андриќ