Младинците на Вардар ја освоија шампионската титула

Кошаркарите на Вардар (играчи до 20 години) ја освоија шампионската титула откако во финалето на плеј офот го совладаа големиот ривал Работнички со 3-0 во добиени натпревари. Притоа „црвено-црните“ две победи постигнаа на гостински терен.

Во последниот натпревар беше 65:63 во салата во Градски парк, а претходните два дуела Вардар победи со 77:63 (на гости) и 89:86 по продолжение (на домашен терен).

Избраниците на тренерот Дарко Радуловиќ до титулата стигнаа откако во плеј офот ги добија сите пет натпревари и без пораз го завршија доигрувањето (во полуфинале победен ФМП со 2-0).

Со овој резултат „вардарци“ ја одбранија титулата шампиони на Македонија за играчи до 20 години.