Во 16 часот и 15 минути вчера, 22-годишната Ч.М. од Скопје пријавила дека на истиот ден околу 16 часот на булеварот “Кирил и Методиј“ во близина на Трговскиот центар Рамстор била физички нападната од страна на Е.С. од Турција.

Полицијата информира дека тој ја повлекол за косата и откако ја бутнал на земја ја удирал со клоци во пределот на лицето и телото. Причина за физичкиот напад била претходна расправија со негов пријател.

Се работи на целосно расчистување на случајот.