Инцидент во Волково: Насилно влегле неговиот дом и го нападнале, приведени две лица од Шишево

Полицијата приведе две лица од скопско Шишево кои се сомничат дека насилно влегле во дом на скопјанец и го нападнале. 

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 18.20 и 18.55 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.Ѓ.(43) и А.Ѓ.(37), двајцата од с.Шишево, скопско.

- Тие се сомничат дека на 19.04.2024 околу 00.30 часот со употреба на сила влегле во домот на И.Ј.(36) во с.Волково, скопско и физички го нападнале, при што употребиле и тврд предмет, информираат од полицијата. 

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.