Маж падна од скеле во центарот на Скопје

Скопјанец се бори за живот откако вчера попладне паднал од Скеле додека работел на објект во изградба на улицата Рузвелтова во Скопје.

Како што информира полицијата, станува збор за 47 годишен маж кој итно бил префрлен во болница. 

Лекарите велат дека тој се уште не е контактибилен и дека се наоѓа во животна опасност.