Македонија меѓу првите најгостопримливи земји за туризам

Македонија со 6,7 бодови, се наоѓа на трето место на листата на најгостопримливи земји во светот за туристи, заедно со Мароко, Австрија и Сенегал, објави Светскиот економнски форум.

Во вкупниот ранг на најгостопримливи земји на прво место е Исланд, со 6,8 бодови, колку што има и Нов Зеланд на второто место.

Во извештајот за конкурентноста на туристичките земји во 2013 година влегоа 140 земји од светот.

Една од главните ставки во широката анализа беше категоријата „ однос на граѓаните кон туризмот“.

На шесто место се наоѓа Португалија со 6,8 бодови, колку што имаат и БиХ, Ирска и Буркина Фасо, пишува Си-Ен-Ен.

Листата на најмалку гостопримливи земји ја предводи Боливија со 4, 1 бод. По неа следуваат Венецуела, Русија, Кувајт, Иран, Пакистан, Словачка, Бугарија и Монголија, на последното место.