МАКЕДОНИЈА ИМА РАКОМЕТНА ИДНИНА: Погледнете ја прославата на ракометарите откако испишаа историја (ВИДЕО)

Младите македонски ракометари ја испишаа историјата, тие го направија најголемото достигнување на младинските репрезентации на Мундијателите, а и стана прва репрезентација со вакво достигнување во колективниот спорт.

Избраниците на „Ико мајсторе“ како што младите таленти го нарекуваат селекторот Илија Темелковски пред 8.000 Алжирци покажаа дека во нив има иднина за големи нешта во македонскиот ракомет.

Младите ракометни херои прославата ја започнаа на теренот, веднаш во завршувањето на големиот натпревар.

Славеничката атмосфера се префрли и при патот накај соблекувалната, каде младите ракометари не може да ја сокријат својата заслужена радост.

Специјален подарок од ракометарите доби и селекторот Илија Темелковски или како што тие самите го нарекоа „Ико мајсторе“.

Следниот противник на нашите млади херои е репрезентацијата на Франција, а додека го чекаме тој дуел можеме да уживаме во најдобрите моменти од дуелот против домаќинот на првенството Алжир.