Раул: Штета, имавме шанси за висок пласман

Македонија го загуби натпреварот против Чешка на драматичен начин, а поразот со директниот ривал во групата веројатно не остави без можност да се бориме за повисок пласман во Вараждин.

Тоа го призна и селекторот Раул Гонзалес во својата прва изјава по средбата.

– Одигравме добро, но на крајот испуштивме можност да се бориме барем за петтото место на ова Европско првенство. Нашата шанса за повисок пласман беше денеска против Чешка, но за жал ја испуштивме.

– Утре ќе биде друг натпревар, но Чесите сега се пред нас и ќе биде тешко да ги престигнеме, – потенцираше Раул во својата прва изјава по средбата.