Македонија одигра нерешено со европскиот првак Германија 25:25 и како прва ќе продолжи во следната фаза.

Селекторот на Македонија Раул Гонзалез почна со изнендување за европскиот првак и напад 7 на 6. Таквата игра во првите 10 минути даде резултат и Македонија водеше со 5:2, но противникот потоа ги казни нашите грешки имаше серија од 5-0 за водство од 10:7 во 21.минута. Во 24.минута за првпат во игра влезе Миркуловски и нападот пак беше опасен и успеавме на полувреме да намалиме на 12:11. Голманот на европскиот првак Волф во првиот дел имаше 8 одбрани.

Почетокот на вториот дел е во знакот на Македонија, Манасков ги постигнува првите три голови, Талевски само го надополни и во 43.минута германскиот селектор Прокоп бараше тајм аут дека Македонија водеше со 19:16, а одбраната на Македонија беше одлична во тие моменти.

Германија успеа да изедначи во 49.минута на 20:20, а нашата репрезентација во одбраната играче без Јоновски, кој од 40-та минута се пожали на повреда. Германците ја продолжија серијата (5-1) за водство од 21:20. Манасков од 7.метри изедначи на 21:21.  На 23:23 Македонија се одбрани, но не шутна на празниот гол на противникот, ја загубивме топката и Гретцки од контра погоди за 24:23. Талески потоа изедначи на 25:25. На 90 секунди до крајот Ристовски одбрани за напад на Македонија. На 15 секунди до крајот ударот на Стоилов, Хајневетер го одбрани – за последен напад на Германија.  Противникот не успеа да изведе акција и резултатот остана 25:25.

Најефикасен на дуелот беше Талески со 6 голови, а Ристовски имаше 12 одбрани.

Македонија групата ја завршува на првата позиција со 5 бодови или 3 ќе пренесе во следната фаза.