Червар: Би било некоректно од Лазаров да се бара пласман во следна фаза

Денес Македонија од 18 часот го игра првиот натпревар и тоа против селекцијата на Франција. Нашите репрезентативци ги чека тешка задача ако се знае дека во група се со Франција и Швајцарија.

Дека нивната задача не е ни малку лесна смета и хрватскиот тренер Лино Червар. Тој вели дека во овој момент не би било коректно кон Кире Лазаров да се бара да помине во следната фаза од ова натпреварување.

- „Тешко ќе се спротистави Македонија на Франција и Германија. Не би било коректно од Лазаров да се бара пласман во следната фаза. Македонија евентуално може да ја победи Швајцарија. Навивачите можеби зборуваат поинаку, но тоа не е реалноста“, изјави Червар.