Летните температури ќе се задржат до средината на октомври, тврдат метеоролозите

Како што најавуваат европските метеоролози, високите температури на воздухот на стариот континент ќе се задржат уште десетина дена, бидејќи во вториот дел од оваа седмица се очекуваат температури за 7 до 10 степени Целзиусови повисоки во однос на просечните за овој период од годината.

Платформата Severe Weather Europe на својот портал објави дека многу топло време се очекува во централна Европа, каде што температурите ќе се движат околу 25 степени во средината на оваа недела, а во Франција и во Шпанија до 30, па и над тоа.

Следниот викенд во северниот дел на Европа се очекува температура од дури 15 степени над просекот.

Топло време се очекува и во најсеверните делови на континентот, поради ширењето на топлиот бран преку Скандинавија и Атлантскиот Океан, се до Гренланд.