Кривични за тројца малолетници кои претепаа дете во трговски центар во Скопје

Тројца малолетници ќе се соочат со кривични за насилство. 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Скопје и еден малолетник од Тетово поради постоње основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Пријавените, на 11.02.2024 во трговски центар во Скопје, поради претходно недоразбирање, физички нападнале друг малолетник и му нанеле повреди, соопштија од МВР.