Пожар во Трговскиот центар „Скопјанка“

Утрово во 5:02 часот во Единицата за известување и команда било пријавено дека во Трговскиот центар „Скопјанка“ во „Кам Маркет“ бил забележан пожар.

Опожарен е ограден простор до маркетот во кој се чувале картони, а од топлината од пожарот било скршено изложно стакло од маркетот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.