Тинејџер кој не се вратил дома уште од неделата наутро, бил пронајден во скопскиот трговски центар „Ситимол“.

Во понеделникот во полициската станица во Куманово, М.С. од с.Младо Нагоричане, кумановско, пријавил дека неговиот 17-годишен син заминал од дома претходниот ден во 11 часот и до моментот на пријавување не се вратил дома. СВР Куманово презема мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчеравечер во 20.00 часот полицијата го пронашла 17-годишникикот во Скопје.