Коста Петров го напиша текстот за евровизиска песна на Тамара

Тамара Тодевска деновиве до доцна во ноќта таа снима во студио со своите долгогодишни соработници.

Тимот се сочинува од луѓе со сериозно искуство кога станува збор за Евровизија.

Коста Петров, на својот фејсбук профил соопшти дека тој и неговата опруга, Сања Поповска се автори на текстот за евровизиската песна на Тамата. Текстот, како што напиша Коста и е посветен на нивната ќерка Бела, на ќерката на Тамара-Хана:

Дечки, со гордост сакам да споделам со вас, дека заедно со Sanja Popovska го напишавме текстот за евровизиската песна на Тамара.
PROUD е песна за нашата Бела и за Хана на Тамара.

На 16-ти мај, ќе ги прекршиме правилата и барем една вечер во годината ќе му кажеме на светот дека СЕ ГОРДЕАМ СО СЕБЕ е секогаш посилно од нивното НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕШ ДОВОЛНО ДОБАР/А!

Дел од тимот се Дарко Димитров, Роберт Билбилов и Лазар Цветковски, а вчеравечер таа снимаше до доцна во студио со нејзините долгогодишни пријатели и соработници Дарко и Роберт и прикачи фотки на социјалните мрежи.