Погледнете како ќе изгледа македонската разгледница на Евровизија (фото+видео)

Пред неколку дена заедно со дел од членовите на евровизискиот тим од македонската телевизија, Тамара Тодевска отпатува во Тел Авив, Израел, каде ќе се одржува 64-та „Евровизија“.

Тамара овој пат на својот профил на Истаграм покажа како се снима разгледницата за Македонија.

Таа заедно со уште тројца момци и една девојка позира и изведува интересна кореографија, а сите заедно се облечени во зелено.

Тодевска на 7 мај ќе ја има првата проба со песната „Proud“ на сцената на „Експо центарот“  во Тел Авив. Македонската делегација ќе отпатува на престижниот музички настан еден ден претходно. Сценскиот настап се подготвува во консултација со тим од Шведска.

Aвтори на евровизиската песна на англиски јазик се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а стиховите се дело на писателот Коста Петров.

Ова ќе биде четврто учество за Тамара на овој престижен фестивал, но прво како солист.