Која е заедничката карактеристика на сите успешни луѓе?

Успешните луѓе имаат многу различни квалитети. Тие се посветени, обрнуваат внимание на деталите и имаат голем потенцијал. Но, која е најчестата заедничка карактеристика која тие ја споделуваат?

Самосвесноста.

Таа претставува свесност за своите внатрешни карактеристики, како што се верувањата, емоциите, силите и слабостите. Поединците кои се самосвесни не само што имаат способност да ги прифатат своите мисли и чувства, туку имаат и способност да ги разберат другите луѓе.

Во бизнис светот, самосвесноста е повеќе од потребна. Според Гери Ваунерчук, американски автор во областа на претприемништвото, самосвесноста е една од најважните карактеристики на една личност. Тој ги советува претприемачите да ги прифатат своите слабости и да тежнеат кон тоа да бидат посвесни за тоа какви што се.

Тој препорачува:

Медитација

Според овој автор, дури и кратката медитација може да помогне за прифаќање на мислите и чувствата кои ги имаме и во крајна линија да придонесе за зголемување на нашата самосвесност. Медитацијата дава можност да се фокусираме на умот и телото, а нејзиното редовно практикување овозможува поврзано на физичкото со умственото и помага во подобро разбирање на нашата личност.

Не го игнорирајте својот внатрешен хаос

Според Тим Ферис, кој интервјуирал околу 200 успешни личности во текот на 2016-2017 година, многу важно е да практикуваме некаква форма на средување на нашите мисли. Тоа бара вежбање, но најпрвин утврдување на оние методи и техники кои највеќе одговараат. За некои луѓе, тоа е трчањето, за други пешачењето или одењето на планина, за трети пак нивната омилина музика.

Секогаш трудете се да останете фокусирани (дури и за најмали нешта)

Можете да ја зголемите својата самосвесност со обидите да останете фокусирани и да не го пренасочувате својот фокус на повеќе нешта истовремено. Способноста да се остане фокусиран подолго време е значаен предуслов за успех, но тоа бара редовно вежбање.