Успешните луѓе не ги откриваат овие нешта на работното место

Силните професионални врски често се базираат и на добри пријателски односи со колегите, но тоа често е сложено бидејќи откривањето премногу може да ви нанесе штета.

Споделувањето на вистинските работи за вас треба да доаѓа во вистинска форма. Трикот е во тоа да се забележите себеси пред да ја преминете линија, бидејќи штом ќе споделите нешто, веќе нема враќање назад.

TalentSmart направиле испитување на повеќе од 1 милион луѓе и утврдиле дека луѓето кои најдобро се снаоѓаат во ова се луѓето со висока емоционална интелигенција.  Ова е нивната листа на работи кои не треба да ги откривате на работа.

Ја мразите работата

Последното нешто што некој сака да го слуша е постојаното жалење работата. Тоа остава впечаток дека сте негативна личност, која не е тимски играч. Ова е особено важно за шефовите, кои веднаш можат да ве заменат со личност со повеќе ентузијазам, или пак никогаш да не помислат на вашето унапредување.

Сметате дека некој колега е некомпетентен

Секогаш ќе постојат некомпентентни личности во секоја работа, а вистината е дека сите на работа знаат која е таа личност. Доколку немате моќ да им помогнете да се подобрат или пак да ги отпуштите, тогаш постојаното зборување за тоа не само што нема да донесе ништо добро, туку може и да ви донесе репутација на озборувач. Зборувањето за неспособноста на вашите колеги изгледа како несигурен обид вие да делувате подобри од нив.

Колку заработувате

Можеби вашите родители немаат проблем да слушаат за вашата плата, но на работното место тоа носи само негативност. Никогаш не постои фер распределба на платата и зборувањето за тоа колку заработувате носи споредби со колегите.

Политички и религиозни верувања

Политичките и религиозните верувања често се причина за инцидент на работа. Несогласувањата околу овие теми можат да предизвикаат поголеми конфликти, а некои работи кои ќе ги кажете можат да делуваат како навреда за вашите колеги. Голем дел од луѓето на овие ставови гледаат различно, а исто така и ги градат своите животи врз основа на таквите идеи, вредности и верувања.

Сексуалниот живот

Без оглед на тоа каков е вашиот сексуален живот, воопшто нема потреба да зборувате за тоа на работа. Ваквите коментари можат лесно да се прошират меѓу колегите и да предизвикаат непријатност, па дури и навреди. Не ја поминувајте оваа линија, бидејќи тоа може да ви донесе лоша репутација.

Амбициите за нова работа

Отвореното изразување на вашата желба да добиете нова работа е покажување дека не ја сакате работата која моментално ја имате. Тоа особено може да биде проблем доколку се борите за место во тимот, или пак доколку сакате да добиете нечие туѓо работно место, на некој од колегите. Без оглед на мотивите за тоа, немате потреба да зборувате за ова.