Koj e патот до промена на Уставот?

Секој од четирите амандмани, со кои ќе се интервенира во Уставот,  кои ќе ги подготви Владата треба да поминат низ претрес во две комисии во Собранието, а расправата по нив може да трае по три дена.

Потоа, Собранието утврдува нацрт на секој амандман и се отвора јавна дискусија. Во таа дискусија, пратениците може да поднесат амандмани на амандманите. 

Претрес на амандманите на уставните амандмани, повторно се врши во две комисии, по што Собранието се изјаснува одделно за секој амандман на уставните амандмани. По ова следува конечната седница на усвојување на уставните амандмани со двотретинско мнозинство. 

Владата има рок од 15 дена да ги достави амандманите до Собранието, но според премиерот Зоран Заев колку порано завршат, толку порано и грчкиот парламент ќе ја донесе одлуката.